Занимливости

СВР Скопје поднесе кривична пријава против 45-годишниот С.Х. од Скопје осомничен за мачење животни. Тој на 29. минатиот месец во 18 часот и 30 минути на улицата „Пиринска“ во близина на угостителски објект, убил куче.

Дали скоро сте слушнале нешто волку убаво? Станува збор за ветеринарот Рос Хендерсон, ветеринар во позната клиника во Колорадо (САД). Тој е доказ дека медицината е и нешто повеќе од наука.

Кога ќе примети дека се вознемирени, овој ветеринар седнува на под до своите пациенти ја зема гитарата и им свири и пее прекрасни мелодии на своите пациенти.

Верувајте ни – не се работи за фотомонтажа. Овој мачор е поголем и потежок од многу кучиња, но тоа не ја намалува неговата желба да седи во скут и да се гали, напротив само ја зголемува.

Тригодишен сетер бил застрелан на грчкиот остров Закинтос, а во неговото тело завршиле 38 зрна сачми. Кучето три дена лежело во ров и се превивало во болки, а сигурно не би преживеало да не добивало поддршка и сила од неговата пријателка, женка поентер, која не се одвојувала од него!

Група активисти за правата на животните нашле на улица напуштено куче. Наместо како што обично се случува, да го тргнат од улиците, да го однесат на ветеринар и да го сместат на безбедно, волонтерите на главата на кучето прикачиле камера. Иако некои љубители на животните би биле против тоа, волонтерите имале исклучително добра причина за оваа постапка! Ако барем малку ги сакате животните, ова видео ќе ви изнуди солзи на очите ...

Иако ги сакаме нашите миленици поради нивната безусловна љубов, тие понекогаш може премногу да се заиграат, особено кога сме далеку од дома и тие немаат со кого да си играат, освен со нашите предмети во домаќинството. Погледнете ги сликите подолу од смешни ситуации и симпатични лица на домашни миленици фатени на дело. Не можете долго да им се лутите за нивните палавштини ?!