За нас

ВДОМИ МИЛЕНИК го сочинуваат неколку волонтери чија примарна цел е вдомување и згрижување на бездомни животни, спречување на нехуманиот однос ,како и развивање на свеста и одговорноста кај човекот кон животните.

Еден од приоритетите не и е хумано смалување на бројот на бездомни животни со организирани акции за кастрации и стерилизации и вдомување .

Здружението со едукации и поткревање свест кај населението долгорочно настојува да го реши проблемот со напуштање на животни, мачење и уништување на животната средина и вредностите.

НАПОМЕНУВАМЕ дека не располагаме со сопствен простор за привремено згрижување (стационар ) па до вдомување животните се згрижени во домовите на наши членови и волонтери , а за некои плаќаме и хотел.
Финансирањето за храна ,лекови ,сместување претставува голем проблем па со таа цел е отворена донаторска линија ,донаторски кутии или пак повремени директни донации кај ветеринари. Собраните парични сретства се користат за лекување ,кастрации и вакцинации.

НАШИ ЦЕЛИ

• развување на свеста и одговорноста кон животните за хумано постапување со нив
• хумано намалување на бројот на бездомните животни
• нега на напуштени животни
• спречување на злоупотреба на животни
• промовирање на идејата за прифаќање на различностите
развивање на културата за грижа на слаби , немоќни , отфрлени , болни,незаштитени и неприфатени животни.

Сигурни сме дека секое бездомно животно некаде го чека дом ,семејство и идеални луге ние сме тука за да ги споиме

КОНТАКТ: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или https://www.facebook.com/VDOMI.MILENIK