Како да помогнете

vdomete

 ВДОМЕТЕ МИЛЕНИК

Ако размислувате за домашен миленик тогаш вдомете некое бездомно животинче. Ке направите добро дело ќе спасите нечиј живот ,а за возврат ќе добиете безрезервна љубов.

 

donirajte

 СО ДОНИРАЊЕ ХРАНА

Можете да донирате било каква храна вклучувајки и стар леб или остатоци од ресторантска храна, садови за храна или пак да бидете спонзор (бидете спонзор на некоја животинче се до неговото вдомување).

 

odgovornost

БИДЕТЕ ОДГОВОРЕН СОПСТВЕНИК

Бидете одговорен сопственик а воедно и промотор на идејата кастрација/стерилизација на домашниот миленик како еден од хуманите начини за решавање на проблемите со уличните животинки.

 

volontiraj

 ВОЛОНТИРАЈТЕ

Како волонтер можете да ни помогнете на следниве начини
- Со хранење на привремено згрижените живонти
- Шетање на животните
- Социјализација на истите
- Помош при собирање храна и опрема
- Помош при барање на потенцијални вдомувачи
- Помош при барање на спонзори и донации

 

ostanato

 ОСТАНАТО

- Доколку располагате со простор (двор, гаража,плац ) и истиот сакате да го отстапите за привремено згрижување на животни
- Доколку работите во медијум или имате контакти
- Доколку можете да се вклучите во изготвување на текстови за брошури, флаери, летоци, друг пропаганден материјал
- Доколку можете да делите инфо материјали информирате и агитирате луѓе
- Доколку имате директни контакти со домашни и странски организации и поединци кои можат да влијаат во одредени сегменти од нашите заложби