Занимливости

Верувајте ни – не се работи за фотомонтажа. Овој мачор е поголем и потежок од многу кучиња, но тоа не ја намалува неговата желба да седи во скут и да се гали, напротив само ја зголемува.

Samson 735x400

Самсон е долг неверојатни 120 сантиметри и тежи околу 13 килограми. Тој е од расата мејн кун, која е една од најголемите раси на мачки во светот. Сопственикотт го добил како подарок од брат му, а кратко потоа мачорот стана познат. Тој има повеќе од 100.000 следбеници на Инстаграм, а кога сопственикот го шета, тие се вистинска сензација на улиците на Њујорк.

Овој мачор обожува да си игра и да се гали, а најмногу од се сака да гледа филмови. Јаде шест конзерви храна на ден и поголем е од многу кучиња. Неговиот сопственик вели дека тие се вистинско семејство и дека не може да го замисли својот живот без него. Дури и љубовниот живот му се подобрил, бидејќи не постои девојка која не сака да го запознае мачорот Самсон.

Погледнете како уживаат: