Занимливости

Група активисти за правата на животните нашле на улица напуштено куче. Наместо како што обично се случува, да го тргнат од улиците, да го однесат на ветеринар и да го сместат на безбедно, волонтерите на главата на кучето прикачиле камера. Иако некои љубители на животните би биле против тоа, волонтерите имале исклучително добра причина за оваа постапка! Ако барем малку ги сакате животните, ова видео ќе ви изнуди солзи на очите ...

Организацијата “Светот за сите животни“, од Мумбаи во Индија, имала за цел на светот да му покаже како изгледа сосем обичен ден на напуштено куче, па затоа и му ја прикачиле оваа камера околу вратот.

Она што кучето го снимило не само што ќе ве остави без зборови, туку и ќе ве натера добро да размислите колку е тежок животот на напуштените животни.

Освен што јадел од контејнери, пиел вода од бари и трпел удари и шиканирања од минувачите, овој четириножен репортер на најобјективен начин ќе ви покаже како изгледа секојдневието на напуштено куче.

Ова видео има за цел да наведе што поголем број на луѓе да сочуствуваат со животните на улица и да им помогнат да се извлечат од пеколот кој со себе го носи животот на улица.

Доколку сте во можност, веќе денеска нахранете, напојте или вдомете напуштено животно!

Гледањето на ова видео ќе ви помогне да донесете таква одлука!