Занимливости

Тригодишен сетер бил застрелан на грчкиот остров Закинтос, а во неговото тело завршиле 38 зрна сачми. Кучето три дена лежело во ров и се превивало во болки, а сигурно не би преживеало да не добивало поддршка и сила од неговата пријателка, женка поентер, која не се одвојувала од него!

Кучињата лаеле заедно за да го привлечат вниманието на минувачите. Ранетиот сетер тивко стенкал, додека поентерката лаела "и за двајцата"!

1418054789v

Три дена чекале помош и без храна и вода лежеле во ровот. Женката поентер не се одвојувала од ранетиот пријател и само од време на време истрчувала на патот за да пронајде помош.

Екипа од блиското прифатилиште ги пронашла после три дена и ги однела кучињата на ветеринар. Ранетиот сетер го нарекле Ромео, а поентерката Јулија.

Ромео бил прегледан и му биле извадени сите 38 зрна сачми од телото. Во следните 10 дена бил под дејство на силни лекови, но набрзо му се подобрило здравјето.

ljubav5

Спасувачите на кои им било јавено дека има застрелано куче, не очекувале дека ќе ја затекнат и Јулија на местото. Кога го внесувале Ромео во возилото, со себе ја земале и Јулија бидејќи и тие виделе колку е приврзана кон Ромео.

Кога ги однеле во прифатилиштето и кога Ромео се опоравил, мислеле дека ќе се социјализираат со другите кучиња. Но, тие двајцата секогаш седеле одвоено од другите кучиња и сами си играле.

Според нив, кучињата најверојатно се познавале од претходно, бидејќи малку е веројатно дека за три дена толку многи се засакале и зближиле.
Волонтерите веруваат дека Ромео и Јулија се напуштени, иако се расни кучиња. Не успеале да утврдат кој и зошто пукал на Ромео, но најбитно е дека се се завршило добро.

Најважно е дека кучињата се среќни, дека се заедно и дека имаат покрив над главите.

Се чека само погоден вдомител, кој се разбира ќе ги вдоми во пар!