Featured

dog-heat-stroke
Животните, како и луѓето, можат да боледуваат од два вида на проблеми предизвикани од високи температури- топлотен удар, кој е последица на долготраен престој на животното во затворени непроветрени простории, и сончаница, која е последица на непосредна изложеност на сончевите зраци.
Во обата случаја исходот може да биде трагичен доколку не се реагира навреме.
На животните кои живеат на улица (кучиња, мачки, птици) можеме да им помогнеме така што ќе им обезбедиме свежа вода на статично засенчено место за брзо да не се загрее.

Зимскиот период исклучително ниските температури  и снегот претставуваат животна опасност за сите животни во природата и градот.
Кучињата,мачките и птиците не се во состојба да пронајдат храна на вообичаените места.
Исклучително ниските температури кои во нокните саати опаѓаат и до -15 им го ограничуваат движењето од скровиштето, а длабокиот снег дополнително им ги намалува шансите да преживеат.
Мокри и премрзнати многу од нив нема да ја дочекаат пролетта.
Соберете вишок храна и оставете ја покрај некој контејнер кај што овие денови најчесто можат да се видат прегледнети животинки.
Храната не ја оставајте на снегот туку на некоја подлога од типот картон весник кеса. Доколку е возможно храната оставете ја на некое заклонето место за снгот кој пага да неможе да ја наводени и покрие.

zima21

snow

Направете едноставна куќичка за уличните кучињата  која ќе им помогне да  ги преживеат студените денови!

Земете картонска амбалажа од бела техника која е изработена од дебел пресуван картон. Оставете го најлонот со која е обложена однадвор а одвнатре исто така обложете ја со најлон. Исечете го поклопецот за да има кучето влез и исечениот дел исто така обложете го со водонепропусен материјал.