Featured

Зимскиот период исклучително ниските температури  и снегот претставуваат животна опасност за сите животни во природата и градот.
Кучињата,мачките и птиците не се во состојба да пронајдат храна на вообичаените места.
Исклучително ниските температури кои во нокните саати опаѓаат и до -15 им го ограничуваат движењето од скровиштето, а длабокиот снег дополнително им ги намалува шансите да преживеат.
Мокри и премрзнати многу од нив нема да ја дочекаат пролетта.
Соберете вишок храна и оставете ја покрај некој контејнер кај што овие денови најчесто можат да се видат прегледнети животинки.
Храната не ја оставајте на снегот туку на некоја подлога од типот картон весник кеса. Доколку е возможно храната оставете ја на некое заклонето место за снгот кој пага да неможе да ја наводени и покрие.

zima21

Голем проблем во зимо е и водата за пиење па затоа често умираат и од дехидрираност , бидејки секоја достапна вода за пиење е смрзната. Единствено решение за ова е да повеке пати во денот им ја менувате или садовите за вода да ги ставите во влезовите кај што е маклу потопло од надвор.

Не сите зивотни пронашле свое засолниште за зимава. Некои од нив избезумени од гладта и ос студот лутаат во надеж дека ке пронајдат  нешто.  Освен храна и вода , мозете да им помогнете и со импровизирани засолништа од снегот и ветрот.

Поголема картонска кутија на која ке истечете отвор може да послужи.Отворот за влез не треба да биде исечен до самото дно туку барем 5 цм над него. Кутијата поставете ја под некое природно или вестачко скровиште( до зид ,под дрво). Како изолација под кутијата ставете даски или некоја иверица или весници кои претходно сте ги ставиле во најлон за да не впијат влага. Доколку имате најлон прекријте ја целата кутија или облепете ја со селотејп. Во кутијата мозете да ставине некој стар дземпер кебе или пак слама.

Имајте на ум дека ова е привремено решение. Подобро импровизирано засолниште од картонска кутија отколку никакво.

zima22