Featured

snow

Направете едноставна куќичка за уличните кучињата  која ќе им помогне да  ги преживеат студените денови!

Земете картонска амбалажа од бела техника која е изработена од дебел пресуван картон. Оставете го најлонот со која е обложена однадвор а одвнатре исто така обложете ја со најлон. Исечете го поклопецот за да има кучето влез и исечениот дел исто така обложете го со водонепропусен материјал.

 На подот ставете некоја простирка и ставете внатре храна за кучиња. Куќичката поставете ја блиску до местата каде што најчесто гледате кучиња скитници, но внимавајте да биде колку толку заштитена од ветар и врнежи. Набрзо ќе се всели благодарен жител на кого можеби ќе му го спасите животот. Искористете го времето до следниот ладен бран да направите барем една куќичка. Замолете ги продавачите од големите маркети кои имаат вакви амбалажи да ви дадат некоја и зафатете се со благодарна работа.