Занимливости

Одберете играчка соодветна на неговата големина. Играчката мора да биде лесна и мобилна, затоа што ако му дадете претешка играчка брзо ќе го загуби интересирањето за неа. При одбирање на играчка водете сметка на тоа дека треба да му помогнат во рзвојот на сите 5 мачкини сетила:

 

  • СЛУХ – не заборавајте дека слухот на мачето е многу чувствителен, па немојте да му купувате гласни играчки, мачките едноставно не поднесуваат продорни звуци.
  • МИРИС – повеќето играчки за мачки мирисаат на мачкино нане, кое мачињата го обожаваат, така што барањето на играчката претставува вежба за нивниот мирис.
  • ДОПИР – ова е многу важно сетило, а мачките сакаат предмети со нерамни површини
  • ВИD – иако бојата на предметите не е важна за мачката, купувајте играчки со светли бои затоа што полесно ќе ги пронајдете кога ќе чистите. Мачката разликува нијанси на плаво и зелено, додека црвеното го гледа како сиво или црно, во зависност од тоа дали е посветла или потемна црвената боја
  • ВКУС – сé што може да дофати мачето, а би можело да е опасно за него (пр. телевизиски или телефонски кабел) можете да го попрскате или премачкате со средства кои кај него ќе предизвикаат одбивност, такви средства може да купите во било која продавница за домашни миленичиња.

cat-toys

Најпопуларни играчки                                    

Топчиња за пинг понг, топчиња со ѕвончиња, рибарски стап на кој висат пердуви или крзно, празни картонски кутии, материјали за пакување, слама, пластични тркалца, тоалетни ролни, хартиени топчиња, затки, лушпи од ореви, итн.

Предмети што треба да се забранат

Парчиња жица, волнени предмети, траки за поклони, забен конец, пластични вреќички и сл. можат да бидат исклучително опасни ако ги проголта мачката.

Гребењето не е игра!

За да можете Вие и Вашата мачка да уживате во Вашиот дом, а да го избегнете гребењето на мебелот и луѓето кои си играат со неа, редовно одржувајте ги нејзините канџи. Гребалката, која може да ја купите во секоја продавница за домашни миленици е идеално решение. На пр. гребалка од агавини влакна, која има текстура како јаже, ќе и стане една од омилените играчки, а во исто време ќе ве штити од гребење и Вас и Вашето семејство.