Занимливости

Аилурафобија е страв од мачки. Од оваа психичка болест боледувале Јулие Цезар, Хенри Втори, Чарлс IX како и Наполеон Бонапарта.
Пред 4 илјади години во стар Египет мачката била сметана за свето животно. Смртна казна следувала за секој кој би убил мачка. Членовите на семејство во кое би умрела мачката, ги сечеле своите веѓи во знак на жалост.

Неверојатен факт е дека во 1888 година во градот Бени Хасан пронајдени се 300 000 мумифицирани мачки. Нивните остатоци биле продадени за 18,43 долара по тон и со брод пренесени во Англија каде биле користени како ѓубриво.

Помалку е познато дека Исак Њутн покрај своето животно дело (Законот за гравитација) измислил и подвижна врата за мачките за да им го олесни животот на своите многубројни мачки
cats-cute
Писателот Ернест Хемингвеј извесно време имал дури 30 мачки во својата куќа во Хавана.

Винстон Черчил важел за многу голем љубител на мачки. Неговиот мачор Џок, кого сопственикот го нарекувал свој личен помошник, бил покрај Винстон и на неговата смртна постела.

Еден од најстарите закони за заштита на мачките го донел саксонскиот крал Хенри I. Тој наредил дека секој кој ќе убие мечка, мора да плати казна во износ од 60 кошници пченка.

Кога мачето е сосем мало, никако не го подигнувајте за кожата на вратот. Само мајката мачка може тоа да го прави и да не го повреди.

Научно е докажано дека галењето мачка може да го намали високиот крвен притисок.

Иако заслужува да биде обработен во посебен текст, овој пат само ќе го споменеме овој се уште недоволно истражен феномен. Иако мачките се сметаат за помалку приврзани за својот сопственик и за домот, постојат неверојатни случаи на т.н. психолошко пратење на сопственикот на огромни растојанија, кои го зборуваат токму спротивното. Докумрнтирани се случаи дека животните поминувале и по повеќе илјади километри непознат терен и успешно го пронаоѓале својот сопственик. Ова води до заклучок дека постои некое ,,сетило” за кое науката се уште нема објаснување. На некои од најголемите светски универзитети последниве години се вршат испитувања со кои ќе се докаже дали мачките и кучињата имаат способност телепатски да ,,комуницираат” со човекот и со другите животни. До сега е потврдено дека зачестеноста на ,,погодување” на некои задачи во лабораториски услови е повеќе од случајност.

Дали знаете?
Египјаните не само што ги обожавале своите мачки, туку и со закон го забраниле нивниот извоз. Како последица на тоа странците упорно пробувале да прокриумчарат по некоја мачка од Египет и да ја продаваат во својата земја како домашен миленик, но воедно ќе служи и како статусен симбол на својот нов сопственик. ,,Кражбите” на мачки ги лутеле Египјаните, но била и добра новост за мачките затоа што на тој начин тие стигнале на нови подрачја каде со нив ќе се постапува и повеќе од добро.