Занимливости

Еволутивниот биолог Кетрин Лорд смета дека не се работи за тоа дека кучињата комуницираат со своите сопственици туку дека одговорот на ова прашање е поврзан со историјата на кучешкиот вид.
Според Лорд, домашните кучиња не комуницираат преку лаењето и немаат некоја намерна порака која сакаат да ја пренесат преку него како „Сакам да играм“ или „Куќата гори.“

Всушност, лаењето е аудитивен сигнал поврзан со еволутивното однесување познато како мобинг - групен одговор вообичаено инициран од една индивидуа која забележува како се приближува некој натрапник.„Сметаме дека кучињата лаат заради овој внатрешен конфликт и ова мобинг однесување, додека домашните кучиња лаат повеќе, заради тоа што почесто се наоѓаат во конфликтни ситуации“ вели Лорд.
299825 10150453596891322 1133701878 n
Причината за лаењето Лорд и нејзините колеги ја бараат назад во историјата до првите кучиња кои почнале да живеат околу човечките отпади со храна пред 8.000 - 10.000 години. Од еволутивна гледна точка, кучињата избрале да останат на едно место, совладувајќи го стравот со цел на крајот да дојдат до храна. Исплашените кучиња не преживувале, додека оние помалку исплашените останувале, така доаѓале до храна и така преживувале и се размножувале. Оттаму ја наследиле таа тенденција да лаат. За разлика од нив, дивите животни, како волците, кога ќе слушнат нешто бегаат уште пред да бидат забележани. Кучињата од друга страна, остануваат со цел да ја заштитат својата територија и колку што е поблиску натрапникот толку повеќе преовладува тој мобинг нагон да се избрка натрапникот отколку нагонот да се избега.