Занимливости

Кучињата и мачките можеби не се секогаш на истата страна, но тие имаат некои сличности кога станува збор за однесувањето.

Еве неколку сличности помеѓу кучињата и мачките кога станува збор за јазикот на телото.

Подигнати уши

Кучињата и мачките комуницираат со помош на ушите. Кога се опуштени, нивните уши најчесто се поместени нанапред. Кога се навистина возбудени или заинтересирани за нешто, нивните уши ќе “летаат“ на сите страни. Кога ушите се повлечени наназад или прилепени до главата, тоа е знак за страв или подчинетост.
179739 10151670606646322 1636227148 n
Накострешеност

Кога кучињата и мачките се плашат или се чувствуваат загрозени, влакната на грбот и опашката им се накострешуваат. Кај двата вида тоа е сигурен знак дека тие се подготвени да реагираат.

Проширени зеници и трепкање

Зениците на мачките се проширени кога се уплашени или кога се спремаат да нападнат. Слично на нив, и зениците на кучињата се проширени кога се осеќаат уплашено или кога се агресивни. Проширените зеници исто така можат да бидат и знак за зголемена возбуда. Засиленето трепкање со очите кај кучињата и мачките е индикатор на желба за мирно запознавање, додека директен контакт, без трепкање или тргање на погледот може да сигнализира предизвик.

Собрано тело

Кога куче или мачка се плаши од нешто, го собираат своето тело за да изгледаат што помали и најчесто ја наведнуваат главата. И кучињата и мачките ја собираат опашката под телото како знак на зголемен страв.

Ржење

Кај кучињата frktanje може да значи многу работи, но кај двата вида тоа е знак дека се под стрес или се уплашени.

Прозевање

Додека кај кучињата проzевањето може да значи стрес, кај кучињата и мачките е заедничко дека може да се проѕеваат за да ја смират потенцијално конфликтната ситуација.