Занимливости

Вашето маче говори многу богат јазик. Ви се обраќа секој ден и тоа со со 23 различни мјаукања, а Вие би требало да му одговорите. Но дали разбирате што сака тоа да ви каже?

Мачките произведуваат 3 видови на звуци: мјаукање, предење и гласни звуци. 

Првите два начина најчесто ги користат за комуникација со луѓето, додека третиот е резервиран за комуникација со други мачки.

Мјаукање
Мачката мјаука за да не поздрави, повика, да ја пуштиме надвор или во куќата, да добие храна итн. Некои видови (како сијамските или персиските мачки) мјаукаат повеќе од останатите видови. На пример абесинските мачки мјаукат знашително помалку.
283358 169961626408080 909425 n
Предење
Предењето потекнува од односот помеѓу мачињата и нивната мајка. Таа преде во ритамот на нивното цицање на млекото. На тој начин мачката ги смирува мачињата кои лакомо цицаат.

Гласни звуци
Мачкини серенади: овој звук се јавува во периодот на парење, и ја означува борбата на мажјаците за територија или за женка.
Запамтете:
предењето е обично знак на задоволство
подигнати уши и опаш нагоре покажуваат пријателско расположение
подигнат опаш е поздрав, но доколку опашот е спуштен и се ниша од една на друга страна тоа е јасен знак за стрес или лутина
завртени уши нанапред покажуваат пријателска радозналост
прозевањето означува самоувереност и задоволство
со трлањето на носот од носот на сопственико, мачката искажува љубов и наклонетост
со трлање на главата и телото од поедини предмети, мачката со својот мирис ги означува предметите што ги сака
со гребење мачката ја означува својата присутност, а воедно и ги остри канџите
шиштењето е знак на предупредување
спуштени уши покрај главата се показател за страв, исто како и накострешени мустаќи или отворена уста и свиткана или укочена кичма