Занимливости

Одговорот на прашањето “Кога кучињата престануваат да растат“ зависи од многу фактори.

Интересен факт е дека помалите раси најчесто побрзо растат и созреваат во однос на кучињата од поголемите раси.

rastkucinja

Одредени раси на кучиња можат да го достигнат максималниот раст на 9-10 месеци, додека на некои од поголемите раси им треба 18-24 месеци за да го постигнат максималниот раст и маса.

РАСТ И МЕНТАЛНА ЗРЕЛОСТ

Најчесто малите кучиња побрзо созреваат и ментално од големите раси на кучиња.  

Клучни фактори се:

  • Генетиката
  • Правилната исхрана
  • Општото здравје
  • Стимуланс (вежби или тренинг)

Не е изненадување дека исхраната е многу битен фактор за побрз раст и развој - како квалитетот на хранат, така и количината.

Додека расте Вашето куче потребно е многу да внимавате како го храните.Научни студии докажале дека гојазноста кај малите кученца, поготово кај брзо растечките раси, може во голема мерка да придонесе во равој на дисплазија на колкот и други ортопедски проблеми.

Кученцата имаат многу енергија, но размислете колку вежби им задавате и колку се напорни тие активности. Вежбањето на кученцето мора да го прилагодите според неговиот раст и развој и во консултација со ветеринар кој ќе ви одговори дали Вашето кученце е сеуште во фаза на интензивен раст.