Занимливости

За разлика од луѓето, кои се будни целиот ден, а спијат во просек 7-8 часа во текот на ноќта, кучиња немаат редовен ражим на спиење. Тие "фаќаат" неколку кратки дремки во текот на денот. Времето поминато во дремка зависи од нивната личност и возраста.

Различните раси имаат и различни потреби. Големите раси, како мастиф или бернандинец, воглавно трошат многу време на спиење – околу 18 саати на ден.

Кучињата секако спијат повеќе од луѓето, но во никој случај не спијат толку цврсто. Кога и колку ќе спијат зависи од нивото на активност во нивните животи. Обичните и малку разгалените домашни миленичиња, спијат повеќе од работните кучиња, како што се на пример кучињата трагачи.

SAJT Spava

 
| Младите кученца може да спијат и до 18 саати на ден

Кучињата исто така имаат можност да го прилагодат нивното спиење, така да можат да бидат внимателни кога нешто се случува, а да спијат во остатокот од времето. Во просек, кучињата во сон поминуваат околу 50 проценти од времето. Една третина од денот се одморат, но се будни а активни се 20 проценти од денот. Се разбира, тоа е само проценка, но сметајќи ја и дремката, возрасно куче спие околу 12-14 часа на ден. Младите кученца може да спијат и до 18 часа.

Ако вашето домашно милениче спие, повеќе или помалку од просекот, тоа не е причина за вознемиреност, бидејќи секое домашно милениче е поинакво. Оваа информација ќе ви овозможи полесно да забележите било какви промени во спиењете на кучето. Промената во навиките на спиење може да биде поврзана со промените во исхраната. Лошиот квалитет на храна може да го "успие" вашето куче, затоа што таква храна не содржи доволно хранливи материи кои му даваат енергија. Некои храни содржат состојки кои се тешко варливи, па вашето домашно милениче ќе биде принудено да троши повеќе енергија на варењето на храната, а помалку на играта со вас.