Занимливости

Овој бигл некоректно постапи кон својата најдобра пријателка, а откако сфати што направи, реши да се искупи за грешката. Изгледа успеа во тоа – бебето престана да плаче...

Прекрасно видео се појави на Фејсбук страната на британскиот Индепендент. Кучето со име Чарли ја зема играчката од малото бебе и веднаш почна вообиќаениот детски плач, кога кучето сфати дека згреши реши да се извини.

kuceibebe

Се искупи на типичен кучешки начин, искрено и од срце. Бебето за неколку момента беше прекриено со разни играчки, Чарли и донесе се што најде во собата.

Погледнете го видеото, сигурни сме дека и вас ќе ве разнежни...