Занимливости

Сопствениците на миленици знаат дека грижата за миленикот не е нималку едноставна работа. Бара голема доза на одговорност и посветеност, како и време кое треба да го поминете со него.

Исто така, доколку сте еден од оние кои вдомиле миленик, знаете дека нив им е потребна дополнителна доза на љубов и внимание. Сепак, најголемиот дел од компаниите не ја разбираат потребата да земете отсуство, како што прават трудниците. Меѓутоа, една компанија ја увидела и оваа потреба, па на своите вработени им овозможува платено отсуство доколку вработените вдомат милениче.

dog adoption

Компанија од Индија нуди можност 5 дена работниците да не доаѓаат на работа, како би се посветиле на својот вдомен миленик.

Тие не запреле тука, туку одлучиле да дозволат и вработените да го донесат миленикот на работа и овозможиле простории за згрижување на милениците.

- Сакаме најдобар можен баланс меѓу работата и приватниот живот на нашите колеги, а тоа вклучува и грижа за нивните семејни потреби – изјавил директорот на компанијата, Анант Падманабан.