Занимливости

Денес во 18 часот официјално е отворен нов парк за миленичиња во Општина Центар. Паркот за миленици се наоѓа во склоп на Паркот на новинарите, спроти Министерството за образование и наука и се протега на околу 900 м2.

park za milenici 

Просторот овозможува активно дружење со домашните миленици преку соодветни реквизити и урбана опрема. Со овој парк на Центарци но, и на сите граѓани, им се нуди убаво катче за игра и релаксација со миленичињата.

Се надеваме дека вакви паркови ќе бидат реализирани и на други локации и општини во иднина.