Занимливости

Односот помеѓу сопственикот и кучето не може дури ни да се опише со зборови. Тие самите знаат колку се сакаат едни со други и колку се разбираат. Дури постојат зборови и гестови кои само тие знаат што значат.

Постојат некои работи кои само сопственикот и неговото куче ги знаат, а кои им се смешни на останатите луѓе, поготово на оние кои немаат милениче.

Некои реченици не би ги изговориле ниту пред пријателите или познаниците а му ги кажуваме на нашето куче. 

214171501056f9382e75145826075122 w640

Следниот пат кога ќе кажете некоја од овие реченици, запрашајте се како би реагирал некој ваш пријател, доколку би му ги упатиле нему...

1. Да тргнеме од најчестата - Седи!
Замислете вашите роднини кога ќе ви дојдат во посета, или на ручек, вие кога ќе ги послужувате (како кога му носите јадење на вашето куче) да извикнете "седи" ... Веројатно би се преплашиле и повеќе никогаш не би ви дошле на гости ...


2.Кој е добро момче?
Вашиот колега тукушто го завршил својот говор на важен бизнис-состанок и ве прашува како ви се допаднало. Вие го погалувате по темето и му велите: "Кој е добро момче?". Се сомневам дека тој ќе се направи нешто слично како вашето куче, кое во тој момент веројатно среќно ќе мафта со опашката ...

3.Не на тепихот!
Кога некој пријател ќе тргне накај тоалет, додека седите во ресторан, немојте да му кажете "Немоја на тепихот!".

4.Не го јади споствениот измет!
Ова не би требало ни да го објаснуваме, нели?

5.Прави се мртов!
Некои сопственици ги учат своите кучиња на овој трик за да ги импресионираат луѓето во нивното друштво. Кучето треба да лежи на грб и на неколку моменти да биде целосно неподвижно. Не постои ситуација во која би ги убедиле дури и најдобрите пријатели на овој начин да импресионираат некого...

Како што веќе рековме, одредени реченици, команди, гестови ги разбираат само сопственикот и неговото куче. Тоа е дел од магијата што се создава со текот на времето меѓу нив, и се нарекува - љубов!