Занимливости

Дали, на пример, кучињата знаат колку е часот? Ова прашање често е предмет на несогласување на теоретичарите ...

Без разлика дали сте биле одвоени само неколку минути или неколку дена, вашето куче се разбира, неизмерно ви се радува и ве дочекува со воодушевување. Дали некогаш сте се запрашале дали тоа знае колку долго сте биле одвоени? 

Дали кучињата кои се подготвени да ги чекаат со години нивните сопственици сфаќаат дека нивната разделба трае толку долго?

Луѓето премалку обраќаат внимание на времето и се однесуваат како да го имаат во изобилие. Но го немаат. Искористете го моментот и шансата да го прегрнете вашето домашно милениче да ги повикате вашите пријатели и да им кажете дека ги сакате, нема да има реприза.

104177495156f6e8c6b3cc7305047030 w640

Некои научници сметаат дека кучињата немаат чувство за време и не знаат како да ја одвојат сегашноста од иднината. Прашањето е, ако кучињата немаат осет за време, како е можно во исто време да бараат од нас да ги изведеме во прошетка или да им дадеме да јадат.

Додека едни научници велат дека на кучињата им е сеедно дали поминало секунда или вечност, други имаат малку поинакви размислувања.

Вилијам Робертс, канадскиот научник, вели дека тоа што кучето чувствува дека е време за оброк или за прошетка, и слични рутински секојдневни обврски, може да се објасни на следниов начин - во телото на кучето се случуваат биолошки промени - хормонални, температурни, итн, кои им служат како потсетник дека е време за одредена акција.

Сепак, во оваа дебата се вклучила и научничката Линда Килинг, која тврди дека кучињата знаат да проценат колку време поминало. Според неа кучињата кога сопственикот е отсутен подолг временски период, подолго време се вртат околу неговите нозе, скокаат околу него и го лижат, со еден збор, нивната среќа трае подолго време. Кога ќе се вратите од работа, вашето куче ќе ве издушка и ќе мафне весело со опашката, но на пример кога ќе се вратите од одмор, неговата радост ќе биде значително подолготрајна и поинтензивна.
Линда тврди и дека срцето на кучето чука многу побрзо кога сопственикот ќе се врати од подолготрајно одсуство.

На вас е да процените со чива теза ќе се сложите. Кучињата сигурно не знаат да видат колку е часот, но веројатно имаат некој сопствен систем за мерење на времето.