Занимливости

Ако сакате да ја разубавите оваа мрачна и дождлива недела, ова видео мора да го погледнете, а ако сте љубител на француски булдог - насмевка од уво до уво е загарантирана!

Хјуи е француски булдог кој е неуморен - постојано трча низ куќата, ужива во играта, особено сака пливање и да подрипнува на задните нозе. Јагодите се негова омилена храна, а највеќе од се на светот мрази - метла!

Овој “французин“ може да се пофали со неверојатни атлетски способности и ужива во трк да ги прескокнува скалилата во куќата, па изгледа како вистинско мало летачко куче. Иако бил пресреќен, дури сега е потполно задоволен и радосен бидејќи неодамна во неговиот дом стигна помал брат – младенче француски булдог. Замислете ја таа среќа!

Всушност, не мора да замислувате, погледнете го видеото на кое се гледа колку тие двајца се сакаат и како уживаат заедно. Малиот Леон ги научил сите трикови и финти од својот постар брат и сега се прават во дует.