Занимливости

Сите ние сакаме животни, нели? Таа љубов и не собра на ова место. Некој повеќе сака кучиња, некој мачки, некој ежови, лисици, зајаци, птици или рептили. Не е ни важно кое животно ви е омилено, важно е да се однесувате кон нив со многу љубов и почит. Еве еден хумористичен текст со 10 забавни начини како да станете најголем и најдобар љубител на животни во светот! Ако ги следите овие инструкции - вие сте нашиот херој!

Дежурен ранобудник
Секој кој има домашно милениче знае дека утринските ритуали вклучуваат хранење миленичиња, чистење кафези, или одење на прошетка ако имате куче. Сите тие за нас мали работи, а за милениците многу битни, бараат од нас да станеме многу порано за на училиште или за на работа. За да не брзате уште од рано наутро со коса која изгледа како гнездо – станете порано и проблрмот е решен!

1452089254telj

Кревет за двајца
Кога велиме "двајца" не мислиме на вашиот партнер, туку на миленичето. Сакале или не, миленичето секогаш ќе го најде својот пат до вашиот кревет и ќе спијат на вашиот кревет, па дури и на вашите нозе.

Купете крем за сончање
Доаѓа убаво време, па би било мудро на време да набавите креми за заштита од сонцето. Има толку многу работи кои би ги правел вашиот миленик надвор, а вашиот аристократски тен не треба да биде пречка. Наместо кучето да седи тажно во затемнет стан, наједноставно е вие да се жртвувате и да го изведете на долга прошетка?

Зборете за нив како што другите зборуваат за децата
Секоја чест на младите родители, но дали и тие се исто така свесни дека приказните за бебиња генерално не се забавни за луѓето кои немаат деца. Ако имате домашно милениче, тргнете во контра-напад! На секоја анегдота за децата, возвратете со приказна за вашето домашно милениче. Нека победи најупорниот!

facebook

Направете му профил на вашиот миленик на социјалните мрежи
Вашето домашно милениче и онака сите го знаат, а веројатно сакаат и да гледаат слики и видеа од него. На овој начин ќе се запознаете со многу луѓе кои имаат домашни миленици со кои ќе можете да разменуваате искуства. Ова е веќе светски тренд кој не стивнува со години ...

Откажувате дружење со пријателите затоа што миленикот ви е болен
Мора да се одредат приоритетитеi! Цела недела сте се договарале за саботниот ручек, но вапиот малечок од сабајлето не се осеќа добро. Жал ми е другари, миленикот е секогаш на прво место!

Миленикот го одбира партнерот
Љубовта и партнерите доаѓаат и си одат, особено кога сте млади. Некои луѓе само ќе претрчаат во вашиот живот, додека миленичето секогаш ќе биде до вас. Вашата нова девојка или дечко не сака животни - Добро, чао!
Меѓутоа, ако вашиот партнер го прифати миленичето, имајте разбирање. Ретки се луѓето кои сакаат прегратки со луѓето чија гардероба е полна со коса и не мирисаат на парфем ...

Трошите многу пари на миленикот?
Дури и кога ќе дојде денот кога ќе сфатитете дека гардеробата на вашето домашно милениче е поскапа од вашата, или дека вашата фризура чини помалку од неговата, не грижете се! Океј, малку сте се занеле и сте го отвориле новчаникот ... Така е тоа кога некој се сака, не се размислува рационално ...

Не му замерувате на миленикот кога ќе уништи нешто во станот
Иако понекогаш станот ви изгледа како низ него да поминал Годзила, не се секирајте. Перници, папучи, мебел – тоа се менливи работи. Вашето домашно милениче не е!

Вдоми!
Малце да се воозбилиме – доколку во вашиот стан има место за уште едно милениче, а мислите дека вашето милениче нема да се лути, вдомете уште едно!

Ставете рака на срце – колку од овие 10 критериуми вие ги исполнувате?