Занимливости

Кучето е снимено додека ја следи брзата помош која го носи неговиот сопственик кој претрпел епилептичен напад на улиците во Бразил.

Снимката, која е снимена во Тагуатинга во Бразил, е вирална на социјалните медиуми, а луѓето се восхитуваат на лојалноста на кучето.

Медиумуите известуваат дека кучето стоело до неговиот сопственик кога тој колабирал се додека брзата помош стигнала на местото.

Додека тие го возеле човекот кон најблиската болница, го забележале кучето како трча по возилото. Еден од болничарите го снимил сето тоа на својот телефон.

Кога забележале дека кучето не се откажува, застанале и го качиле и него во возилото на брзата помош.

Кучето во болницата не се одвојувало од носилките на кои бил неговиот сопственик и го чекало се додека не бил отпуштен од болницата.