Занимливости

Филмовите од типот на "The Notebook" не допираат до вас, но сте се исплакале додека сте го гледале "Марли и јас"? Можеби и вие пове ги сакате кучињата од луѓето ... Овие десет примери ќе покажат дали тоа е навистина така ...


1. Дали вашето куче јаде подобро од вас? Храната која му ја купувате на кучето не содржи ГМО, и поквалитетна е дури и од некои видови на храна кои ги користите во вашата исхрана. Многу често сме во состојба да ја купуваме за нив само најдобрата храна, сепак тие се членови на нашето семејство ...

2. Имате многу прекари за вашето куче, а некои дури и не се вистински зборови ... но вашето куче се одзива на нив и не ви е гајле што луѓето не ве разбираат ...

3. Еден од сигурните знаци дека повеќе сакате кучиња од луѓе е кога заборавате на роденденот на некој од пријателите, но никогаш не би го заборавиле роденденот на вашето куче (и го славите)!

pas4

4. Толку многу го сакате вашето куче што чувствувате вина кога ќе си играте со други кучиња. Сепак, не сакате кога ќе се вратите дома вашето куче да го почувствува тоа...

5. Не се вознемирувате премногу кога луѓето оговараат ваш познаник во ваше присуство... Но доколку некој каже нешто лошо за вашето куче, веднаш избувнувате.

6. Додека гледате филм, вие нема да се потресете ако нешто лошо му се случи на некој човек... Меѓутоа, ако нешто лошо му се случи на кучето во филмот, најверојатно ќе заплачете, а можеби дури и ќе го исклучите филмот.

7. Вашиот мобилен телефон е исполнет со слики од вашето куче, а и секој ваш профил на социјалните мрежи. Исто така, не се стеснувате и со гордост ги покажувате неговите фотографии.

8. По напорен ден се што ви треба е да го прегрнете вашето куче ... Тие секогаш знаат кога ви треба утеха, и никогаш не би ве осудиле поради вашето однесување.

1418260231

9. Уште еден сигурен знак дека повеќе го сакате кучето е кога својот кревет го делите со кучето. Всушност, кога вашето куче го завзема поголемиот дел од креветот...

10. Без оглед колку ви бил тежок денот на работа, секогаш се радувате кога се враќате дома, затоа што таму со воодушевување ве чека вашиот крзнен пријател мавтајќи со опашката...

Уживајте во секој момент поминат со вашиот миленик!