Занимливости

Уличен музичар во Малезија таман се подготвувал да се спакува, тажен поради својот лош ден, пред него се појавила најслатката публика во светот - четири мачиња од по само три месеци!

Мачињата хипнотизирано слушале како свири музичарот не тргајќи го погледот од неговата гитара.

Среќен што некој сепак обрнал внимание на него, младиот музичар испеал неколку песни само за мачињата!

- Одненадеж, мачиња од три месеци се појавија од никаде и седнаа пред него. Како да знаеа како се осеќа и му пружија поддршка. – напишала личноста која го објавила ова видео.

Мачињата беа негова единствена публика до крајот на вечерта. Музичарот им се заблагодари на поддршката и радосен си заминал дома.

Најдобар дел од вечерта бил кога мачињата почнале да климаат со главите во ритамот на музиката...

Погледнете!