Меѓу сопствениците на домашни миленичиња често кружат разни неточни информации за здравствената заштита и негата на животните. Со цел да се разјаснат некои работи, погледнете ја листата на некои од најчестите заблуди во врска со здравјето на домашните миленици и што е всушност вистина.
1. " Превенција од паразити не е неопходна во текот на целата година"
Некои паразити, како на пример глистите, може да ги заразат животните во текот на целата година, па затоа е неопходна континуирана и ефективна превенција. Сепак, во последниве години се бележат зголемувања на случаи на каснување од крлеж во текот на зимскиот период, како и појавата на болви. Затоа е важно да го заштитите вашето домашно милениче против овие паразити во текот на целата година.
2. "Стерилизацијата го менува карактерот на животното"
Стерилизацијата на машките кучиња, доколку е направена во раниот период од нивниот живот ќе ги намали некои нивни непријатни однесувања, како што се заскокнување или обележување територија со мокрача. Стерилизацијата на животните може да има повеќекратни здравствени придобивки, како што е заштита од рак на тестиси, простата, матка...
3. "Мачките ја обележуваат својата територија со урина"
Иако мачките понекогаш користат урина за одбележување на нивната територија, често мокрење надвор од песокот може да биде сериозен здравствен симптом на инфекции на уринарниот тракт, камења во бешиката, дијабетес ... Понекогаш ова однесување може да биде знак дека вашата мачка страда од анксиозност. Ако забележите вакво несакано однесување, одведете го вашето домашно милениче кај ветеринар за преглед.
4. "На милениците не треба да им се мијат забите"
Доколку на животното не му се мијат забите редовно може да дојде до сериозни заболувања на непцата, како и значително намалување на севкупниот квалитет на живот на миленикот. Прочитајте повеќе за тоа како лесно и без стрес да им ги миете забите на вашите миленици.
5. " Единствен начин да му се покаже љубов на миленикот е преку храна"
Знаеме! Тешко е да се одолее на нивните очи додека бараат уште еден деликатес. Сепак, премногу храна и деликатеси водат кон различни ризици по здравјето. Дебелината може да доведе до проблеми со кожата, коските, срцето, црниот дроб, како и артритис. Консултирајте се со вашиот ветеринар колку храна е доволна за вашите миленици. И, се разбира, кога ќе сакате да му покажете малку љубов на вашиот крзнен пријател, квалитетно поминато време со игра е најдобар начин.