Занимливости

Сеуште има хуманост на овој свет, перуански телевизиски репортер за време на преносот во живо направи пауза за да извади преплашено куче од надојдената вода која се сливала по улицата. Потоа, најнормално си продолжи со својот извештај.

Перу, кон крајот на март го зафатиле страшни поплави во кои биле уништени безброј куќи и села, и за жал многу луѓе ги загубија своите животи. Меѓу настраданите имало и многу животни, но овој храбар млад човек не дозволи таква судбина да го снајде и ова куче.

Додека надојдената вода го носела исплашеното куче, новинарот успеал да го фати и да го извади надвор од водата, спасувајќи му го животот.

Погледнете како изгледала ова спасувачка операција, емитувана во живо на телевизија.