Занимливости

Ако мислевте дека вашите кучиња спијат и тагуваат кога ќе отидете на работа, најверојатно се лажете. Барем судејќи по урнебесното видео кое циркулира на интернет веќе неколку дена.

На ова симпатично видео, може да видите дека кучуњата го прават се она што инаку им е забрането - се качуваат на трпезариски маси, на комоди и полици, "тегнат" перници по куќата, крадат храна, прескокнуваат преку оградите кои се поставени за да не можат да влегуваат во кујната и слично.

Погледнете го ова урнебесно видео од непослушни кучиња. Даваат одлична идеја за кучешка верзија на филмот "Сам дома"