Занимливости

Конечно! Тајван, пред неколку дена стана првата азиска земја која со закон ја забрани оваа пракса. За среќа, се повеќе и повеќе луѓе во Азија на кучињата и мачките почнуваат да гледаат како на домашни миленици, а не како на храна.

Тајван службено стана прва држава во Азија која забрани јадење кучиња и мачки. Сите оние кои нема да го почитуваат овој закон ќе бидат казнети со глоба во висина од 1.500 до 7.500 евра.

julin festival

За усвојување на овој закон според многумина најзаслужна е претседателката на Тајван Цаи Инг-Вен која во предизборната кампања се представи себеси како голем љубител на животните.

За жал, во овој дел на Азија, многу кучиња и мачки се уште завршуваат во рестораните, каде што луѓето сакаат да го јадат нивното месо. Во Кина, на пример, секоја година 10.000 кучиња се убиваат за време на Јулин фестивалот - фестивал на кучешко месо.

Се надеваме дека вакви закони наскоро ќе бидат усвоени и во другите азиски земји.