Занимливости

Низ целиот свет постојат различни закони кои имаат за цел да ги заштитат животните. Повеќето од нив навистина се применуваат во пракса, но исто така има и онакви кои се апсурдни или во најмала рака чудни.

Ова е избор на 10-те најчудни закони за животните кои се на сила во САД. Кој од овие закони би го усвоиле во нашата земја?

animals home

1. На животните во Калифорнија не им е дозволено да се парат во радиус од 450 метри од училиште или црква.
Овој закон е наменет за да се спречи децата и верниците да видат сексуален чин.

2. Во Конектикат, кучињата со тетоважи мора да бидат регистрирани кај надлежните органи.
Се работи за тетоважи за идентификација на кучиња, па пријавувањето на надлежен орган е добар начин да се пронајде кучето во случај на исчезнување од дома.

3. Во градот Стерлинг, во американската држава Колорадо, мачките не можат слободно да шетаат низ градот, доколку немаат светло за сигнализација закачено на опашката.
Светлото за сигнализација дефинитивно ќе им помогне на возачите да приметат мачка на патот.

4. Во еден град во Оклахома кучињата не смеат да бидат во групи од три или повеќе кучиња на приватен имот, освен ако сопственикот има дозвола од градоначалникот.

5. Друг пропис во Оклахома забранува правење гримаси кон кучињата.
Овој закон има за цел да ги заштити луѓето од кучињата. Имено, правењето гримаси се смета за вознемирување на животните и може да поттикне некои кучиња да станат агресивни.

6. Во еден мал град во Минесота, на границата со Канада, на мачките им е забрането да се бркаат со кучињата во близина на телефонски бандери.

7. Во Берберин, Северна Каролина секакви борби меѓу мачки и кучиња е забранета.
Ако се земе во обзир дека овој закон е донесен во времето кога биле легални борбите со петли и борбите со кучиња, овој закон и не е така лош.

8. Ако случајно сте во Илиноис и сакате да одите на опера со својата пудлица, заборавете на тоа. Забрането е.

9. Државата Илиноис има уште чудни закони во својот арсенал. Незаконски е на куче да му дадете виски или запалена цигара. Забрането е да чувате куче кое смрди.
Покрај овие необични закони Илиноис предничи со своите закони за заштита на животните, па веќе шест години, со право се наоѓа на листата на "топ-пет места кои најдобро се грижат за животните".

10. Магарињата во Аризона не смеаат да спијат во када.