Германската стјуардеса Оливија Сиверс прв пат се запознала со Рубио, напуштено куче, пред 6 месеци на аеродромот во Буенос Аирес, во текот на еден од летовите кон Аргентина, на кои што често работела.
Оливија тогаш на напуштеното куче му дала малку нежност, го погалила, му дала малку храна и тоа било се ... Оваа средба на Оливија не и значела ништо, но за кучето тоа било момент што ќе го промени неговиот живот ...
Од тогаш, Рубио не можел да прифати дека никогаш повторно нема да ја види Оливија, па почнал да ја чека на влезот на хотелот каде престојувала секој пат кога доаѓала во Буенос Аирес.
“Се обидов да ја променам рутата по која се враќав од аеродромот кон мојот хотел, но кучето и тогаш ме чекаше пред хотелот.“
Оливија не била уплашена од тоа што кучето ја следи, туку била импресионирана од неговата упорност и благодарност, иако таа му посветила само неколку минути од нејзиното време и малку љубов.
Од моментот кога Оливија и кучето се запознале, таа се обидувала да му најде дом на Рубио. Кога Оливија му нашла дом, Рубио побегнал од кај вдомувачот и повторно ја чекал пред хотелот.
Едноставно, Рубио одлучил токму Оливија да му биде сопственик...
Деновите проаѓале, гостите во хотелот доаѓале и си оделе, но Рубио со никој од нив не воспоставил никаков однос. Ја чекал Оливија.
Оливија на крајот сфатила дека таа нема друг избор освен да го донесе кучето во Германија!
Организирала превоз и Рубио од неодамна е нејзино милениче!
Рубио не е повеќе напуштено куче од улиците на Буенос Аирес. Сега е домашен миленик кој живее во голема куќа со двор во Германија.
И после нека каже некој дека упорноста не се исплати ...