Занимливости

Велат дека кучињата се нашите најдобри пријатели. Во последно време се зборува за фактот дека тие се всушност единствените вистински пријатели. Во секој случај, едно е сигурно, за нивната љубов и лојалност нема мерна единица. Да, тие се подготвени да го дадат својот живот за нас!

spomenik na kuce

Канело во осумдесеттите години живеел со неговиот сопственик во јужна Шпанија. Тој бил единствениот пријател на еден постар човек кој живеел сам и не се одделувал од него. Жителите на Кадиз често ги гледале како шетаат наоколу, а кучето редовно одело со човекот во болницата каде тој одел на дијализа. Канело го чекал својот сопственик пред вратата на болницата, бидејќи на животните не им било дозволен влез во болницата.

Еден ден, човекот не излегол од болницата, но кучето се уште го чекало својот починат пријател, без да обраќа внимание на гладта, жедта, студот, дождот или снегот. Кучето останало пред вратата на болницата 12 години чекајќи неговиот сопственик да излезе и да се вратат во својот дом, се додека и тој не му се придружил на својот сопственик во 2002 година, кога трагично загинал од удар на автомобил.

Жителите на Кадиз во чест на ова верно куче и дале име на една улица во нивниот град по неговото име, а приказната за неговата љубов ќе живее уште многу долго.