Занимливости

Во видеото што го обиколи светот со молскавична брзина, може да се види како два лабрадори уживаат играјќи си на брегот реката, но во еден момент црното куче паднало во еден брзак. Вториот лабрадор вешто и херојски го спасува, фаќајќи го стапот кој го држело црното куче во забите и така го извлекол од реката. Како вистински обучен спасител!

Инстинктивно реагирал и го спасил својот другар кој паднал во водата. Според медиумите ниту едно од кучињата не е повредено и оваа авантура поминала без последици по нив.

Сепак според сопственикот не постоела опасност по кучињата, бидејќи тој ги чекал во мирниот дел на реката неколку метра од оваа малечка карпа. Како и да е, сепак херојскиот потег на овој лабрадор го обиколи светот и уште еднаш покажа дека кучињата навистина се најдобар пријател, како на човекот, така и на другите кучиња.

Погледнетe како изгледал овој подвиг на следново видео: