Занимливости

Не е важно колку пати сте уживале во неодоливите четириножни херои во филмовите и телевизијата, но најверојатно никогаш не сте се запрашале колку се платени овие необични актери. А уште помалку можете да претпоставите дека некои од нив заработуваат повеќе отколку нивните човечки колеги.

kucinja na film
Бенџи (200 милиони долари)
Можда ќе звучи чудно, бидејќи овој јунак кај нас не бил познат, како на пример Леси, но кучето кое заработило најмногу пари од сите кучиња глумци е Бенџи. Се работи за куче кое се појавило во серијал на филмови од 1974 до 2004 година, и се претпоставува дека неговите сопственици од Бенџи заработиле 200 милиони долари. “Оригиналниот“ Бенџи е мешанче по име Хигинс кој е посвоен од прифатилиште за кучиња, и многу брзо се покажал како бескрајно талентиран за учење нови трикови и исто така е неодоливо забавен и шармантен. Тој има глумено во сите филмови од серијалот со име Бенџи, освен последниот филм во 2004 кога го заменил еден од неговите потомци.

Рин Тин Тин (6.000 долари неделно или околу 82.000 долари според денешните стандарди)
Рин Тин Тин бил германски овчар кој бил спасен од боиштата во првата светска војна. Првин бил наречен Ринти, а името му го дал војникот што го спасил. Можеби, најпознатото куче глумец на светот се појавил во 26 филма во текот на својата кариера. Се верува дека со својата популарност го спасил студиото Варнер Бротерс од банкрот. Еднаш добил и најголем број на гласови од Американската филмска академија за наградата Оскар, но не е прогласен за победник бидејќи според пропозициите наградата може да ја добие само човек.

Овчарот Пал (4.000 долари неделно, или околу 51.000 по денешните стандарди)
Иако е Леси женка, овчарот Пал, кој се прослави со оваа улога бил мажјак. Живеел полни 18 години, што е доста долг живот по кучешки стандарди. После смртта во 1959 година, улогата на Леси во телевизиската серија ја превземале неговите потомци. Заработувал по околу 4.000 долари неделно, што е еднакво на денешна заработка од 51.000 долар. Не е лошо за глумец чија задача воглавно е само да стои и да лае.

Мус (10.000 долари по епизоди)
Секој кој видел барем една епизода од ТВ серијата “Фрејзер“ добро го запамтил миленикот на главниот јунак по име Еди. Неодиливиот џек расел териер заработувал по 10.000 долари по епизода во оваа долговечна серија. Кога Мус се повлекол од шоу-бизнисот, го наследил неговиот син Енцо кој продолжил да ја игра оваа улога се до последната емитувана епизода на оваа серија во 2004 година.

Тери (неделна заработувачка 125 долари)
Териерот Тери е женка која го играла Тото во “Волшебникот од Оз“. Со заработка од 125 долари неделно, Тери добивала повеќе од многу човечки глумци во филмот, кои работеле за 50 долари неделно. Тери подоцна добила и наследничка Роми која исто така се појавила во неколку филмови. Поради огромниот успех на филмот “Волшебникот од Оз“, Тери подоцна е преименувана во Тото.