Занимливости

Се вели дека облеката не го прави човекот, а оваа приказна на совршен начин ја докажува оваа изрека. Оваа мачка само сакала да биде сакана, некој да покаже трошка разбирање за неа и да ја пушти да го сака. Вашето срце ќе се скрши, кога ќе прочитате низ што се морала да пројде во животот, но и ќе научите важна животна лекција.

Сите кои живееле во моето соседство знаеа кој е Грдиот. Грдиот беше мачка скитница.

Грдиот сакаше три нешта во животот - да се тепа, да јаде ѓубре и да "сака". Овие три работи во комбинација со уличниот живот влијаеле многу на Грдиот.

cat 320
Да започнеме со тоа дека тој имаше само едно око, а на местото на второто беше голема дупка. На истата страна немаше ни уво, левата нога му била скршена, но никогаш не зацелила правилно и секогаш изгледаше како да ќе сврти кон лево. Опашката одамна ја изгубил во тепачка. Тоа беше сива Мачка, но тоа беше тешко да се забележи, бидејќи главата и вратот му беа покриени со рани. Дури и голем дел од неговото тело беше прекриено со закоравена жолта краста.

Секој пат кога ќе ќе го видат луѓето, реагираат на ист начин. "Каква ужасна мачка!",

На децата им велеа да не го допираат ни случајно затоа што е грозен. Возрасните и децата го гаѓаа со камења, го прскаа со вода и го удираа со стапови ако влезеше во нивниот двор.

Грдиот секогаш реагираше на ист начин. Ако го полеваа со вода, тој само стоеше и чекаше да престанат. Ако некој го гаѓаше со нешто, тој само се повлекуваше како да е негова вина.

Кога ќе ги видеше децата како си играат, пробуваше да им пријде тивко мјаукајќи и буткајќи ја главата кон нивните раце, молејќи за малку нежност.

Еден ден Грдиот побара нежност кај комшиските хаски. На нив тоа не им се допадна и го нападнаа. Од својот стан го слушнав неговото очајно мјаукање и побрзав да му помогнам. Кога стигнав веќе беше доцна – беше јасно дека неговиот тажен живот е скоро завршен.

Грдиот лежеше во локва крв, со нозе искривени под чуден агол и голема дупка на предниот дел од телото. Кога го подигнав и пробав да го днесам дома, се слушна шиштење. Сигурно беше во страшни болки.

Тогаш се случи нешто неверојатно. Додека го држев во рацете, ја осетив неговата муцка на моето уво. Ја буткаше својата муцка во мене и пробуваше да се гали и покрај страшните болки кои ги чувствуваше. Во својата агонија , тој грд стар мачор сакаше малку љубов и внимание.

Во тој момент помислив дека Грдиот е најубавиот и најмазен мачор што сум го видел во животот. Ниеднаш не проба да ме изгребе или касне, ниту да побегне од мене. Лежеше во моите раце апсолутно убеден дека ќе успеам некако да му ги олеснам маките.

Грдиот ми умре во рацете пред да стигнам до мојот стан, но уште долго го држев во рацете размислувајќи како еден обичен измачен уличен мачор успеа потполно да го промени моето мислење за тоа што значи да имаш чиста душа и да сакаш потполно и искрено. Грдиот ме научи повеќе за давањето и сочувстото повеќе од илјада книги, стручњаци и емисии... Заради тоа сум му вечно благодарен. Тој имаше лузни на својата надворешност, а јас внатре во мене и беше крајно време да почнам да ги исцелувам и да научам да сакам длабоко и искрено. Да се давам без резерва на луѓето кои ми значат

Повеќето луѓе сакаат да се богати, успешни, популарни...Јас секогаш ќе се трудам да бидам “Грд“.