Занимливости

До пред две недели кучката Хариет била заробеник на корејска фарма, каде што ја чекала судбина како и многу други кучиња пред неа, да стане храна.

На оваа фарма биле откриени 200 кучиња кои живееле во тесни кафези, без основни хигиенски услови.

Според портпаролот на организацијата “Humane Society International” сите кучиња живееле во кафези преполни со нечистотија и измет. Давана им е неквалитетна храна, со цел што повеќе да се здебелат.

Активистите на организацијата ги спасиле сите кучиња и ги префрлиле во нивните шелтери во САД, каде е направена и оваа снимка.

На снимката може да видите како Хариет спие стоејќи, покрај мекиот кревет кој и го дале – бидејќи не знае за што служи креветот. Несреќното куче навикнало да спие стоејќи, поради гужвата во кафезот и нечистиот под. Се надеваме дека со љубовта и грижата на активистите ќе ги надмине сите свои трауми и наскоро ќе пронајде дом.