Занимливости

Ова преубаво и препаметно куче ја воодушеви планетата. Придружувано од својот сопственик ова куче неколку пати неделно оди во посета на супермаркет и сам си ги зема од полиците грицките и храната кои што највеќе ги сака. И не само тоа, туку и ги реди во корпата и ги носи до касата, каде со заби му ги додава артиклите на продавачот.

Потоа од соптвеникот зема банкнота, ги плаќа купените артикли и со кесата во уста оди до автомобилот. Кучињата во континуитет ни потврдуваат колку се интелигентни, и колку можат да научат доколку имаме трпение за да ги учиме.

Погледнете го ова паметно куче: