Занимливости

Секој сопственик на куче знае дека неговото милениче има комплексна личност и најразлични начини за да ја изрази. Од мавтање со опашот до цвилење, се си има свое значење. Сепак, постојат некои важни работи кои можеме да ги истражуваме за да дознаеме повеќе за личноста и навиките на нашето куче.

Положбата во која вашето домашно милениче спие е една од нив. Интересно е да се напомене дека кучињата кои живеат на отворено и оние кои го поминуваат поголемиот дел од своето време во затворен простор завземаат сосема различни положби додека спијат. Положбите на спиење се различни за секое куче.

Смешни нозе
Иако оваа положба изгледа малку чудно, тоа не е причина за загриженост. Тоа само значи дека вашето куче е многу сигурно во себе и дека се чувствува добро во вашиот дом. Спиењето на грб е положба во која тие се најранливи, и тоа многу говори за довербата која ја имаат кон вас. Овие кучиња се обично многу опуштени и независни.

Како “Супермен“
Многу кучиња сакаат да спијат на стомак, а најслатки меѓу нив се "супермените". Со нозете испружени и главата кој им лежи на подот, се чини дека летаат низ воздухот. Оваа положба им овозможува на кучињата лесно да станат кога ќе им довикнете или кога ќе се разбудат. Кучињата кои ја сакаат оваа положба се многу агилни и мотивирани.

spienje kucinja

Склопчен како лисица
Ова е најверојатно најчестата положба. Шепите се удобно скриени под нивното тело, а опашката е обвиткана околу телото , се до лицето. На овој начин кучето ја оддржува својата телесна температура и ги штити екстремитетите, лицето, вратот и сите витални органи. Кучињата кои спијат во оваа положба се нежни, опуштени и весели.

На страна
Оваа положба ја сакаат многу кучиња, бидејќи тоа е мирно и обезбедува одмор. Ако вашето куче спие на овој начин, тоа значи дека се чувствува многу удобно во својата животна средина, како и дека е сигурно во себе и не е премногу пребирливо. Тоа се чувствува одлично во вашето друштво и има неизмерна доверба во вас. Овие кучиња се исто така многу лојални.

“Онесвестен”
Многу кучиња кои спијат на затворено ја завземаат оваа положба. Кучето кое лежи на грб сака што побрзо да се излади. Кучињата кои трошат многу енергија во текот на денот и се прегреани, претпочитаат да спијат во оваа положба. Среќните и опуштени кучиња често ги подигаат нозете во воздух додека спијат. Овие кучиња се многу самоуверени и прилагодливи.

Со свиткан стомак
Кучињата кои спијат во оваа положба не се толку опуштени, бидејќи нивните мускули се напрегнати и не им дозволуваат да прејдат во РЕМ фаза на сонот. Но, не грижете се - тоа не значи дека вашиот миленик не е опуштен. Обично се работи за многу енергично куче, расположено за авантура и забава во секое време! Овие кучиња се често плашливи, нежни и малку срамежливи.