Занимливости

Кучињата се најверните пријатели на човекот, нели?

Нашите миленици може да бидат подмолни манипулатори, ако сакаат да добијат нешто од нас.

Маријан Еберлајн, која ги проучува когнитивните способности на кучињата на универзитетот во Цирих, ја тестирала способноста на животните да се користат со измама, со цел да го добијат она што го сакаат.

w640
Оваа идеја ја добила со набљудување на своите кучиња, од кои едното повремено се претправало дека гледа нешто интересно во градината, за да го излаже другото да стане и да му го земе најдоброто место за спиење. 

За да провери дали кучињата така се однесуваат и кон луѓето, Еберлајн и нејзините колеги им дале две кучиња на двајца луѓе, од кои едниот секогаш му давал на своето куче слатки за кучиња, а другиот слатките ги задржувал кај себе.

Кога кучињата научиле од кој човек може да очекуваат слатки за кучиња, добиле шанса да ги одведат двајцата “сопственици“ до една од трите кутии во кои имало колбасици, кекс и празна кутија..

После два дена тестирање, и двете кучиња “скржавиот“ го однеле до празната кутија, а “великодушниот“ го носеле до кутијата со колбасици.

Кучињата покажале импресивна флексибилност во однесувањето. Тие не се држат само до правилата, туку размислуваат и за можностите.

Нејзе ја изненадила брзината со која кучињата успеваат да ја откријат оптималната формула на однесување, и да научат од кој човек што можат да очекуваат. На мајмуните им требало многу повеќе повторувања на вежбите за да научат слична лекција.