Занимливости

Мачките имаат многу прецизен и остар слух кој го детектира секој шум. Како и на луѓето, слухот им помага и на мачките да го откријат изворот и близината на звукот што го слушаат.

Можеби не сте знаеле, но мачките имаат природно конструиран череп во кој има две големи комори кои овозможуваат создавање на ехо. 

Тоа им помага да ги слушнат и најтивките звуци произведени од страна на мали животни кои мачките сакаат да ги ловат.

oci1

Слухот на мачките слабее со возраста. Процесот на слабеење може се случи веќе во третата година, но најдоминантен е кога мачката ќе влезе во четвртата и петтата година од животот.

Природата вешто си поиграла со гените на мачките, па денес по многу истражувања, можеме по изгледот на некоја мачка да претпоставиме каков и е слухот.

Познато е дека доминантно белите мачки имаат плави, зелени, браон-жолти, а понекогаш и очи со различна боја. Истражувањата покажале дека кај мачките со плави очи постои голема веројатност дека ќе бидат глуви. Дури иако и е само едно око плаво, голема е веројатноста на таа страна мачката да не слуша. Кај мачките со браон-жолти очи тој процент е помал. Белите мачиња родени со белег во боја на главата, кој со тек на времето исчезнува, во најголем процент имаат нормален слух. Стручњаците сметаат дека постои генетска врска кај мачките со бело влакно, помеѓу бојата на очите и слухот.

Favim.com 10940

По многу работа научниците дошле до следните сознанија:

5% од сите мачки имаат бели влакна;

Од 15 до 40% од белите мачки имаат едно или две плави очи;

Од 60 до 80% од мачките со плави очи не слушаат;

Од спомнатите 5% мачки со бели влакна, од 60 до 80% од нив имаат зелени и браон-жолти очи и 10 до 20% од нив се глуви;

Мачките кои не слушаат, а имаат едно или две плави очи се од 0.25 до 1.5% од вкупната популација на мачки во светот.
Ако бројките и податоците не ве збунија премногу, ќе сфатите дека иако постои длабоко вкоренето верување, не сите бели мачки со сини очи се глуви, но повеќето од нив се.

Се разбира, ова не треба да ве спречи да продолжите да ги обожавате