Занимливости

Ако мислите дека знаете се за кучињата – се лажете! Погледнете ги овие факти и научете нешто ново: 

И носовите на кучињата се единствени како човечките отпечатоци од прсти.

Кучиња живеат со луѓето повеќе од 14.000 години. Мачките само 7000 години. Повеќето експерти сметаат дека луѓето ги припитомиле кучињата пред магарињата, коњите, овците, козите, говедата, мачките и кокошките.

Кучињата се паметни како две или три годишно дете. Ова значи дека тие може да разберат до 250 зборови, вклучувајќи сигнали и движењата на рацете со исто значење како и зборовите. Повеќето, сепак, имаат капацитет од околу 160 зборови (иако за тоа ќе треба прилично ригорозни обука).

cockedr

Кравјото млеко не е добро за вашето куче или мачка, бидејќи тие немаат ензими кои правилно би го разградиле шеќерот во млекото (лактоза). Кравјото млеко може да предизвика непријатни дигестивни проблеми кај нив. Кучињата не поднесуваат дури ни чоколадо, и тоа може да биде фатално за нив, поради теоброминот кој го стимулира централниот нервен систем и кардиоваскуларните мускули. Многу штетни за кучињата се грозјето, сувото грозје и варениот кромид.

Спротивно на општото верување, кучињата не се потат преку јазикот, туку преку влошките на своите шепи. Топлината ја регулираат со испарување преку респираторниот систем, односно преку задишување.

Кучињата и волците се единствените животни кои се проѕеваат како знак на задоволство.

Кучињата имаат околу 100 различни изрази на лицето.

Ако се најдете во ситуација да се соочите со агресивни кучиња, немојте широко да се насмеете - откриените заби за кучето значат агресија.

Кучињата гледаат во боја, но не и на ист начин како и ние. Ветеринарни офталмолози откриле дека кучињата се како луѓе со слепило на црвена и зелена боја, што значи дека тие може да видат сини и зеленкасти нијанси, но не и црвенкасти. На кучињата, светло портокалова топка на зелена трева им изгледа светло зеленкаста.

Обликот на муцката кај кучињата укажува на тоа колку долго ќе живеат. Кучиња со издолжена муцка, обично живеат подолго, додека кучиња со "сплесната муцка" најчесто живеат пократко.

Ако не се кастрирани, кучката, нејзиниот партнер и нивните потомци можат за шест години да "направат" 66 000 кучиња.

Три кучиња го преживеале потонувањето на Титаник - њуфаундлендер, џуџест германски шпиц и пекинезер.

Најпаметни кучиња се: 1. Граничарски шкотски овчар – Collie, 2. Пудлица, 3.Златен ритривер. Најглупави се авганистанските ртови.

Дебелината е најчестиот проблем со кои се соочуваат кучињата.

Личност која поседувала највеќе кучиња е Кублај Кан, тој поседувал околу 5.000 мастифа.

Мозокот на кучето е одличен во откривање мириси и движење, тие знаат во кој дел од куќата се наоѓате, што сте јаделе за појадок, и дали имате исекотина на раката.

Кучињата имаат чувство за мирис околу 1.000 пати подобро од луѓето. Иако луѓето имаат 5 милиони клетки за откривање мириси, кучиња ги има повеќе од 220 милиони (мачките на пример имаат само 19 милиони од овие клетки). Делот од мозокот кој го толкува мирисот е, исто така, четири пати поголем кај кучињата отколку кај луѓето. Ова е причината зошто кучињата често се користат за откривање на нелегални дроги и исчезнати лица.

Некои кучиња може да намирисаат мртви тела под вода, како и каде се кријат термитите или да го намирисаат природниот гас, кој се наоѓа на 40 метри под земја. Тие дури и може да откријат клетки на рак, кои се премногу мали за лекарите да ги забележат. Со душкање на здивот на луѓето можат да утврдат дали некој има рак на белите дробови.

Кучињата можат однапред да го предупредат епилептичарот дека ќе има напад.

Милување со куче докажано го намалува високиот крвен притисок.