Занимливости

Општо е познато и прифатено дека мачките мразат вода, меѓутоа добро е да се знае дека не сите мачки не сакаат да се бањаат.

Искуствата на мачките со вода обично се поврзани со негативни чувства.

На пример, турската ван-мачка ужива во вода и во пливање. 

Таа доаѓа од многу топли краишта и научила да се лади во езеро, па оттаму и љубовта кон водата. Меѓутоа ако вашата мачка е од друга раса, најверојатно капењето и играњето во вода повеќе ќе сака да го гледа отстрана. 
Првата мисла кога ќе ја види или ќе ја почуствува водата ѝ е дека тоа е дожд, а дождот е една од најголемите ноќни мори на секоја мачка. 
Факт е дека кај мачките искуствата со вода најчесто се врзани со негатини случувања – обилни врнежи, присилно бањање или, пак, дисциплинирање со прскање со вода. Освен тоа, аверзијата кон водата е наследна, бидејќи повеќето предци на мачките не сакале да се бањаат. Дивите, мали и големи мачки во Европа, Африка и Кина имале ограничено искуство со вода, бидејќи тоа не било потребно за нивно еволуирање и зашто бегале од големите грабливци како што се крокодилите.

catwater
Од друга страна, пак, некои други големи мачки што живеат во топлите предели научиле да пливаат и да се капат за полесно да се разладат и да уловат храна. Тука се истакнува азиската мачка-риба, која е вешт пливач и нејзините шепи со текот на годините се приспособиле на фактот што таа многу плива.
За разлика од кучињата, мачките треба да се бањаат многу поретко бидејќи сами се чистат, но ако вашата мачка влегла со нешто лепливо или смрдливо или, пак, има некоја кожна болест, ќе треба да ја избањате.

Многу е важно мачката да ја научитте на вода уште додека е мала. На почетокот почнете со малку вода, но истовремено галете ја и смирувајте ја. Ако е мирна, додајте уште малку вода. Шампонот треба да го измиете неколку пати за да не направи иритација на кожата или, пак, на дигестивниот тракт откако мачката ќе почне да се лиже.