Занимливости

Кога прв пат ќе видиме некое куче, најчесто помислуваме дека има мили очи, интересни уши, убаво крзно, а ретко коj обрнува внимание на шепите. Иако можеби сте мислеле дека за нив се знаете, се лажете. Немојте да ги потценувате шепите затоа што тие кријат неколку занимливи факти.

И кучињата уживаат кога им ги масираат шепите, исто како и луѓето

– Од 256 коски во телото на кучето, само пет се наоѓаат во шепите. Тие се составени од лигаменти, тетиви и крвни жили.

– Кога се нервозни или под стрес, на кучињата им се потат шепите, исто како кога на луѓето им се потат рацете кога имаат трема.

– Некои раси имаат така наречено мачкино стапало. Округол и компактен отпечаток на шепите, како што имаат мачките, на кучињата им овозможува да се искачуваат и им ја намалува енергијата што ја трошат при одење. Вакви шепи имаат кучињата од расите акита, доберман, голем шнауцер, ердел териер, фински шпиц и други.

– Перничињата на врвовите од шепата служат како кочници бидејќи им помагаат да се качуваат по лизгави или стрмни терени. Исто така, тие имаат и улога на амортизер и значително им ги убалажуваат падовите. Перничињата им помагаат на кучињата да го проценат типот на земјата на каде што се движат.

– Перничињата на шепите исто така служат и како терморегулатори. Кога нивната шепа ќе се спушти на ладна површина, артериите ја пренесуваат разладената крв во телото за таа повторно да се загрее. Научниците кажуваат дека тоа е едно од објаснувањата зошто кучињата најпрво се адаптирале на поладни предели.
– Кучињата што живеат во куќа имаат понежни перничиња од тие што живеат надвор. И не само тоа, шепите на тие кучиња што живеат надвор се потврди, погруби и подебели.

– Кучињата од расата Њуфаундленд има најдолги прсти на шепите, а веднаш по нив се лабрадорите. Двете раси имаат широки шепи, што ги прави добри пливачи.

– Луѓето главно сакаат кога некој им ги масира шепите, а тоа е уште една заедничка карактеристика што ја делиме со кучињата. Истражувањата покажале дека масажата на шепите го смируваат кучето и му ја подобруваат циркулацијата. Препорачливо е прво да го измасирате средишниот дел од шепата, а потоа нежно со штипкање да го поминете подрачјето меѓу прстите.

– Најмалиот прст на шепата кај кучињата всушност е закржлавен палец. Кај некои раси тука има коска и мускул, додека кај други ги нема.

puppy paw

Показател на различни болести

Тоа што е многу важно за улогата на кучешките шепи, е дека тие се показател за различни болести.
Ако го видите своето куче упорно и нежно ја лиже шепата, секако значи дека би требало да се консултирате со ветеринар. Секое ново однесување важно е да го регистрирате затоа што може да укаже некој проблем. Тоа се случува кога на пример кучето ќе си ја повреди шепата, кога ќе му се израсне нокт во месото или пак кога се развива некаква инфекција, а тоа се ситуации во кои морате да побарате стручна помош.