Мој Ветеринар

Ако сакате со Вас да си го земете миленикот на пат преку границите на Македонија има неколку работи што сте обврзани да ги направете пред патувањето.
1. Да се извади пасош на миленикот. Од 2014 година РМакедонија има сопствени,верифицирани од сите страни држави,секој со свој посебен и единствен број,исто како и за луѓето.

2. Да се стави чип.Тој се аплицира поткожно на левата страна на вратот.Со тоа Вашиот миленик си добива свој единствен број,како што ние имаме матичен број.
3. Да се вакцинира против беснило.Тоа е со Закон прецизирано и е обврзувачко за секој сопственик да го спроведе.Вакцинацијата се спроведува еднаш годишно.Првата вакцина се аплицира на 4 месеци старост на миленикот.

4. Да се изврши дехемлминтизација,т.е да се прочисти од внатрешни паразити, 2 дена пред преминувањето на границата на РМ.
5. Да се заштити од надворешни паразити, преку аплицирање на ампула против надворешни паразити или да се стави каифче. Истото треба да се направи 2 дена пред поминување на границата на РМ.
6. Редовно да се вакцинира против заразни болести.Ова вакцина се аплицира еднаш годишно за возрасни единки, а за малите се даваат 3 вакцини започнувајќи од 8 недела до наврсување на 12 недели старост.
7. Потребно е Вашиот Ветеринар да ви издаде Потврда за здраствената исправност на миленикот.
8. На крај се оди до Ветеринарниот Инспектор да ви издаде Сертификат за поминување преку границата на РМ.

Мсц ДВМ Јасминка ван дер Флиер

pettravel4