Мој Ветеринар

Имплантацијата на микрочипот е метод на трајно обележување на мачките и кучињата.Тоа е краткотрајна интервенција во која со апликатор за микрочип се втиснува идентификационене број.Најоптимално време за обележување на миленикот на 6- 8 недели старост,иако оваа интервенција може да се врши на било која возраст.

cipuvanje1

Имплантацијата на чипот е скоро безболна метода и апликацијата не се разликува многу од обично давање на инекција.Во многу земји не е дозволено влез на миленикот ако не е трајно обележен.Трајното обележување и идентификацијата се воедно и доказ за сопственост на вашиот миленик,што го олеснува наоѓањето од страна на сопственикот ако миленикот се изгуби.

 cipuvanje2

 

ЗАКОН ЗА ИДЕНТИФИКАЦИЈА И РЕГИСТРАЦИЈА НА ЖИВОТНИТЕ

Службен весник на РМ, бр. 95 од 26.7.2012 година
Член 18


Идентификација и регистрација на домашни миленици (1) Одгледувачот на домашен миленик треба да го идентификува животнотно во рок од шест месеци од раѓањето со средства за идентификација согласно со членот 12 став (1) точка 4 од овој закон. Службен весник на РМ, бр. 95 од 26.7.2012 година 8 од 23 (2) По исклучок од ставот (1) на овој член кучињата за кои не може да се утврди сопственоста и се движат слободно ќе се обележуваат согласно со прописите од областа за благосостојба на животните. (3) Одгледувачите кои набавиле идентификуван домашен миленик треба да ги ажурираат податоците во пасошот на домашни миленици и да ја пријават промената до Агенцијата во рок од 30 дена. (4) На секој домашен миленик по апликацијата на средството за идентификација му се издава пасош со податоците за животното и одгледувачот на животното. (5) Податоците од пасошот од ставот (4) на овој член се внесуваат и во Електронската база на податоци од членот 11 од овој закон. (6) Доколку средството за идентификација се оштети или е неупотребливо, одгледувачот треба во рок од 30 дена да го замени средствтото за идентификација со ново. Податоците од заменетото средство за идентификација треба да се внесат во Електронската база на податоци од членот 11 од овој закон на начин кој овозможува идентификација на претходната ознака на животното по што се издава нов пасош за животното. (7) Директорот на Агенцијата ги пропишува начинот и постапката за идентификација и регистрација на други видови животни.

 

Мсц ДВМ Јасминка ван дер Флиер