Мој Ветеринар

Најчест предизвикувач кој е крив за проблемите со кожата на кучињата и мачките е мачешката болава (Ctenocephalides felis).Готово сите животни се осетливи на овој паразит со исклучок од животните кои живеат на високи надморски височини.
Болвите се хранат со крвта на домаќинот каде паразитираат.Исто возрасните болви можата да преживеат и до 2 месеца надвор од домаќинот.Кај повеќето миленици болвите доведуваат до чешање од среден степен кој се поднесува.

bolvi1

Голема инфестација со овој паразит може посебно кај кученцата и мачињата,да доведе до озбилни пореметување ( анемија од голем степен ).Болвите се и преодни домаќини за кучешката тенија.
Основни симптоми се чешање посебно во регијата околу коренот на опашката,на сапите,на стомакот и на нозете.Сите овие мали смеѓи паразити се видливи со голо око.
Затоа што развојот на болвата се одвива преку неколку стадијуми во терапијата морат да се покријат сите развојни облици,што не е едноставно.

Многу е важно да и покрај антипаразитскиот третман на миленикот да се спроведе третман и на целото сместување каде е миленикот.

bolvi2

Алергија од каснување на болва : Кај осетливите миленици доаѓа до алергијска реакција на каснувањето од болвите,односно на протеинот кој се наоѓа во нивната плунка,што мозе да доведе до озбилни пореметувања и оштетувања на влакното и кожата.Овој алергијски дерматит може да се јави помеѓу 3 – 5 година од староста,и екстремно е ретка кај помладите од 6 месеци.
Ако сопственикот не реагира на време миленикот изгледа многу лошо,влакното може да падне по должина на целиот грб,кој е покриен со рани и красти.Доаѓа и до секундарни бактеријски инфекции,со што се искомликува повеќе целиот случај.
    

Мсц ДВМ Јасминка ван дер Флиер