Мој Ветеринар

Јаболки,кајсии,цреши,вишни,праски,сливи.

Поголема количина од петелки,семки и лисја од ова овошје може да доведе до озбилни проблеми кај вашиот миленик.
Во овие делови се наоѓа супстанција која содржи цијанид а знаците на тровање сњ тешко дишење,проширени зеници,хипервентилација и шок.

Прашок за пециво,сода бикарбона

Овие две состојки кои се во повеќе колачи можат да доведат до дисбалан на електролитите,конгестивна срцева слабост или спазам на мускулатурата.
Мачките,навистина,ретко се одлучуваат да лижат и јадат прашкасти материи ,ама кучињата често знаат да ја проголтата цела кесичка.
dog chocolate

Чоколада

Сопствениците често не се свесни дека и мала количина на црно чоколадо може да биде посебно опасана за нивните миленици.
Покрај големата количина на масти црната чоколада содржи и кофеин и теобромид кои го стимулираат нервниот систем и можат да бидат токсични во поголеми количини.КОличината на овие супстанции зависи од вртата на чоколадото т.е.чоколадото со поголем процент на какао е поопасно.

Во поблаги случаеви мозе да се јави повраќање или пролив,ама ако се во прашање поголеми количини се јавува вознемиреност,хиперактивност,грчење на мускулатурата,зголемено уринирање,убрзано дишење.Во тешките случаеви се јавива зголемена работа на срцето и зголемен крвен притисок а понекогас и епилептични напади.

Грозје и суво грозје

Не се знае точно која количина од оваа овошје е потребно за да се појават симптоми ама се знае дека кога ќе дојде до проблеми само агресивна терапија може да помогне за да не дојде до фатален крај.Најчесто доаѓа дп акутна инсуфициенција на бубрезите и многу брзо состојбата се влошува па затоа е најдобро да се избегнува оваа овошје во исхраната на вашиот миленик.

Лук и кромид

На кучињата и мачките им недостига ензим кој во потполност би ги сварил лукот и кромидот и затоа доаѓа до создавање на гасови,повраќање,проливи и озбилни пореметувања на гастроинтестиналниот тракт.Лукот и кромидот содржи тиосулфат,кој ако е храната богата со луки кромид или се внесе голема количина наеднаш,доведува до распаѓање на црвените крвни зрнца (хемолоза ). Симптомите можата да се јават непосредно после јадењето илинеколку дена покасно.Може да дојде до тешка анемија и пациентите без третман мозжат да умрат.
Лукот и кромидот во било кој облик може да предизвика проблеми,без разлика дали е свеж или дехидриран (прав,гранули ).

Мрсна храна

Остатоците од ручекот,маснотијата од печеното месо,голема количина на посластици за кучињата и мачките се омилени за нашите миленици,ама можат да доведат до панкреатитис.Знаци на панкреатитисот се повраќање,пролив ,болка во абдоменот.Кучињата завземаат положба која им ја намалува болката и многу се осетливи и на самиот допир на стомакот.
Некои раси се посебно осетливи на големата количина на масти и често доаѓа до панкреатитис ( патуљасти тој пудлици,кокер шпаниел, патуљасти шнауцер ).
Кучињата со овие симптоми имаат потреба од агресивен третман.

Кафе

Содржи кофеин и симптомите се слични како и кај тровањето со чоколадо/

Мастики

Поголемиот број од мастиките во својот состав има ксилитол,вештачки засладувач,кој кај кучињата може да доведе го хипогликемија ( паѓање на нивот на шеќерот во крвта ) и откажување на функцијата на црниот дроб.


Уште некои продукти кои треба да се избегнуваат :

Мускатен орев
Авокадо
Големи количини на леб ( квасец ).
Големи количини на млечни продукти ( маснотии ).
Расипани и стари продукти.