Мој Ветеринар

Крлежите паразитираат на многу врсти топлокрвни и ладнокрвни животни и се хранат со крв.Постојат 3 врсти на крлези,од кои 2 се важни за ветеринарната пракса.Тоа се Ixodidae и Argasidae.
Сите крлежи се излегуваат од јајце,поминуваат низ стадијум на ларва и накрајот се возрасни,кои повторно се парат и множат.

krlezi1

Женската ги положува јајцата на земјата,обично на некое скришно место,пукнатина во дрво,камен.Ако ги снесе во есен,јајцата ќе презимат и на пролет го продолжуваат својот развој.Од кога ќе се излегнат од јајцето,тие се хранат со крв,со тоа што ларвите и куклите воглавно паразитираат на птиците,глодарите,малите месојади и гуштерите.
Во зависност од климата можно е во една година да се случат 2-4 циклуса на размножување.Кај нас климата е таква да сезоната на крлежите трае од март до октомври,ама во последно време има отстапување,па не е ретко права наезда да се јави во декември и јануари.
Крлежите од фамилијта Argasidae се хранат повеќе пати и се задржуваат на домаќинот до еден час,додека од фамилијата Ixodidae се хранат по еднаш во секој стадијум,ама остануваат закачени повеќе дена.
krlezi2

КРЛЕЖИТЕ НЕ ВЛЕГУВААТ ПОД КОЖАТА ТУКУ СО СВОЈАТА ПЛУНКА ГО ИНФИЦИРААТ ДОМАЌИНОТ.

Постојат четири болести кај кучињата кои се пренесуваат на овој начин.Тоа се :
•    babezioza ili pIroplazmoza,
•     lajmska bolest,
•    erlihioza i
•    Rocky mountains spotted fever (точкеста грозница на Карпестите планини).
 krlezi3

ВАЖНО Е ШТО ПОБРЗО ДА СЕ ТРГНЕ КРЛЕЖОТ ОД КОЖАТА,ПРЕД ДА ВНЕСЕ ИНФЕКТ ВО ДОМАЌИНОТ

•    Babezioza ( Piroplazmoza)

Тоа е инфективна болест чиј предизвикувач е протозоа Babesia canis.Инфекцијата се пренесува со каснување на заболен крлеж,најчесто од врстите Ripicephalus и Dermacentor
Бабезијата паразитира во црвените крвни зрнца на нашите миленици кога се инфицира.Може да биде со акутен и хроничен тек.Во клиночката слика доминираат висока температура,анемија,општа слабост и замор,жолтица.
Babezija parazitira u (crvenim krvnim zrncima) eritrocitima naših ljubimaca kada su inficirani.Сопствениците прво што приметат е темно обоената мокраќа и нерасположеност.
Болеста се лечи само ако правовремено се реагира,ако можни се и фатални последици.
Профилаксата се состои во аплицирањето на ектопаразитарни препарати,ампула,каифце,спреј.

•    Erlihioza pasa

Ова е инфективна болест предизвикана од рикеција Erlihia canis.Инфекцијата се пренесува со убод од заболен крлеж.Ерлихијата паразитира во белите крвни зрнца.Може да биде акутна и хронична.
Акутниот облик се карактеризира со масовни,точкасти крварења по кожата,слузокожите и внатрешните органи,зголемена температура,зголемени лимфни јазли,губење на апетитот и расположението.
Хроничниот облик се карактеризира со бројни секундарни инфекции и компликации.
Лекувањето се состои во давање на антибиотици повеќе недели.

•    Lajmska  болест

Инфективна болест предизвикана од бактеријата Borelia burgdorferi.Инфекцијата се пренесува со убод од инфициран крлеж Ixodes.Предизвикувачот на болеста може да го имаат во себе покрај возрасните крлежи и ларвите и нимфите.Може да биде акутна и хронична.
Во акутниот облик може да се примети црвенило на местото на убодот,зголемена температура,малаксалост,зголемени лимфни јазли,оток и болност на зглобовите пратено со неможност на одење.Ако не  се лечи ,настануваат компликации и хроничен облик кој може да биде многу озбилен.
     Лекувањето се состои во давање на антибиотици,само ако се отпочне на време.



Msc DVM Jasminka van der Flier