Мој Ветеринар

ЕНДОПАРАЗИТИ – ДЕХЕЛМИНТИЗАЦИЈА (против внатрешни цревни паразити )

• Значајно за здравјето на луѓето

Некои од внатрешните паразити ( на пр. Ехинококозата ) може да се пренесе на лушето и да доведе до многу тешки здраствени пореметувања. Овие болести потполно се превенираат со редовната дехелминтизација на милениците, мачките и кучињата.

ПРЕПОРАЧАН ПРОТОКОЛ ЗА ТРЕТМАН ПРОТИВ ЕНДОПАРАЗИТИТЕ ( ДЕХЕЛМИНТИЗАЦИЈА )

1. Третман на малите кученца и мачиња со 15-20 дена старост.
2. Третман со 35-40 дена старост.
3. До 8 месец старост да се повтори третманот на секои 40-60 дена старост.
4. Возрасните миленици да се третираат 3-4 пати годишно.

EKTОПАРАЗИТИ – БОЛВИ,КРЛЕЖИ И ВОШКИ

 

Болесто кои тие можат да ги предизвикаат се :
• алергии,
• дерматитиси,
• тенија,
• пироплазмоза,
• лајмска болест,
• ерлихиоза.
paraziti

Со редовна употреба на квалитетни средтва према упатството на произведувачот се спречува инфестацијата со болви и крлежи и допринесува на здравјето на вашиот миленик.

Некои од болестите кои ги пренесуваат болвите и крлежите можат да бидат смртоносни, затоа превентивата е многу посигурна и поефикасна од скапото лекување.


ЗДРАСТВЕН ЗНАЧАЈ ЗА ЛУЃЕТО

Болвите и вошките кај мачкките и кучињата можат да ги инфестираат човекот, иако на него не се задржуваат долго. Крлежите се потенцијални преносители на многу озбилни заболувања кај луѓето од кои кај нас е најзначајна Лајмската болест.

Заштитувајќи го својот миленик од надворешните паразити воедно го чувате и своето здравје.

 

Msc DVM Jasminka van der Flier